fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен конкурс за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

20.8.2026 12:56:57

Врз основа на Решение 04-538/4 од 19.08.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува

Јавен конкурс

за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници и тоа:

- 2 (двајца) надворешни соработници за средување, обработка, издвојување и попис на документарниот материјал од архивскиот материјал во Сектор за правни работи.

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

- VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки

- најмалку 5 (пет) години работно искуство во областа на канцелариското и архивско работење

кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

- Уверение/диплома за завршен степен на образование;

- Доказ на работно искуство;

Временска рамка за извршување на работни активности:

- Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од 2 (два) месеци.

Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, со кандидатите кои имаат уредна документација ќе биде спроведено интервју.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

(со назнака – „Јавен конкурс бр. 03/2026” )

Контакт: 02-3109-045

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx