Врз основа на решение бр.18-20/2 од 16.01.2025 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
на избор на 2 (дваjца) експерти за Водич за кариерно советување за ВЕТ училишта со посебен акцент на дуално образование
Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и Еврогајденс. Оваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.
Во рамки на имплементацијата на три годишната програма на Еврогајденс центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува објавување на повик, избор на 2 (дваjца) експерти за Водич за кариерно советување за ВЕТ училишта со посебен акцент на дуално образование
Водич за кариерно советување за ВЕТ училишта со посебен акцент на дуално образование ќе претставува алатка која понатаму ќе можат да ја користат сите кариерени советници од средните стручни учиишта при кариерно советување на учениците.
Критериуми за аплицирање:
- Да е лиценциран кариерен советник мин. 3 години
- Да е вработен во средно стручно училиште
- Да има искуство при изработка на публикации, водичи, брошури или др. интелектуални трудови
- Да има одржано индивидуални и групни сесии за кариерно советување на поедници и групи (ученици од средни стручни училишта)
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат мотивационо писмо, лична биографија (CV) на Европас формат и сертификат за лиценциран кариерен советник на
следнава електронска пошта: info@na.org.mk, најдоцна 27.02.2026 година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (дваjца) експерти за Водич за кариерно советување за ВЕТ училишта со посебен акцент на дуално образование и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.