Билјана Бутлевска
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Наталија Кижевска
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Наталија Кижевска е родена 1971 година, во Кичево.
Своето основно и средно образование го завршува во Кичево, а потоа во 1990 година се запишува на Природно математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот математика, каде што во 1996 година се стекнува со звање Дипломиран професор по математика.
Своето професионално работно искуство го започнува 2002 година во СОУ„Мирко Милески“ Кичево, како професор по математика.
Од 2018 година своето работно искуство го продолжува во Министерството за образование и наука, каде што останува да работи до денес во Секторот за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење како помошник раководител.
Своето професионално знаење го надградува преку обуки, семинари и работилници во земјата и во странство. Дополнително, член е на неколку работни групи од областа на образованието.
Позицијата Член на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја извршува од 2018 година.
Сања Манасијевиќ-Манчева
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Сања Манасијевиќ-Манчева е родена 1976 година, во Скопје.
Своето основно и средно образование го завршува во Скопје, а потоа во 1995 година се запишува на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот општа економија – Финансии и банкарство, каде што во 1999 година се стекнува со звање Дипломиран Економист. Понатаму, во 2016 година се стекнува со звање магистер на економски науки од истиот факултет.
Своето професионално работно искуство го започнува во приватниот сектор каде стекнува искуство во областа на финансиското планирање, финансиските анализи и управувањето со приходи.
Од 2006 година своето работно искуство го продолжува во Министерството за финансии, каде што останува да работи до денес во Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг.
Своето професионално знаење го надградува преку обуки, семинари и работилници во земјата и во странство. Исто така, на покана на Економскиот факултет Скопје и на универзитетот Американ колеџ е гостин-предавач на теми поврзани со управувањето на јавниот долг. Понатаму, активен член е на стручниот тим којшто ги води подготовките за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и како член на поглавјето за економска и монетарна политика е надлежна за презентација и имплементација на целите и мерките од областа на управувањето со јавниот долг и односите со меѓународните финансиски институции на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Поткомитет за економско-финансиски прашања и статистика. Дополнително, член е на неколку работни групи од областа на статистиката, како и работни групи од областа на управување со јавните финансии.
Позицијата Претседател на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја извршува од 2017 година.