fb_img
Големина на фонт
Контраст

Настани

Годишен настан за акредитирани организации за волонтерски активности од програмата Еразмус+ и Ознака за квалитет од Европски солидарен корпус

22.3.2022 13:27:22

На годишниот настан за акредитирани организации за волонтерски активности од програмата Еразмус+ и Ознака за квалитет од Европски солидарен корпус, кој се случува во Маврово, од 7 до 8 Јуни, присуствуваше директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски и имаше можност да ја поздрави оваа иницијатива, размена на искуства, идеи и добри практики.


Европскиот Солидарен Корпус се заснова на достигнувањата на повеќе од 25 години европски програми од областа на волонтирање и млади, особено врз искуството на Европската волонтерска служба и промовира солидарност како вредност. Преку волонтирање го засилува ангажманот на младите луѓе и организации во достапни и високо квалитетни активности на солидарност.


Волонтерството со своите основни вредности и карактеристики е главна тема на настанот, но како активност каде секоја инволвирана страна има свои обврски, треба да исполни одредени задачи и да се почитуват основните правила на програмата.


На настанот, покрај основните цели, ќе бидат презентирани и можностите за аплицирање во 2021 година од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
“ Солидарноста е она на кое треба да се насочиме и да работиме, ние, младите луѓе мора да бидеме посветени во зајакнување на заедниците, со посебен напор за промовирање на социјалното вклучување. Да помогнеме во решавање на предизвикувачките ситуации и да работиме на поголема инклузија“- истакна Ѓоргиевски во своето обраќање.
Европскиот Солидарен Корпус ги зближува младите луѓе за да изградат поинклузивно општество, а во исто време, им овозможува да стекнат корисно искуство, вештини и компетенции за нивниот личен, едукативен, социјален, граѓански и професионален развој.







Поврзете се

    czxczcx