fb_img
Големина на фонт
Контраст

Мрежи

Тркалезна маса „Наставниот кадар во Европа – Идеи за понатаму до европската практика“

29.12.2021 15:59:18

Наставниот кадар е движечка сила во процесот на учење во секој образовен систем.

Eвропската комисија преку мрежата Евридика изврши сериозно истражување на професијата наставен кадар во основните училишта. Националната мрежа на Евридика која функционира во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествуваше во ова истражување и даде придонес со податоци за нашиот образовен систем и професијата наставен кадар. Денеска се одржа настан на Евридика, тркалезна маса “Наставниот кадар во Европа – Идеи за понатаму до европската практика”, во свечената сала на ОУ “J.Х. Песталоци” во Скопје.

На овој настан беше промовиран тематскиот извештај на Евридика за наставниот кадар во Европа.

На настанот присуствуваше директорот на НАЕОПМ Марко Ѓоргиевски релевантни претставници од кабинетот и ИПА структурата на Министерството за образование и наука, директорите на Бирото за развој на образование Зеќирија Хасипи и Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, претставници од основни училишта, педагошки факултет, Етвининг. Резултатите од извештајот беа предмет на дискусија како да се подобрат националните политики за подобрување на професијата наставен кадар, како и значајната улога на Еразмус+ програмата.

Извештајот можете да го најдете овде.







Поврзете се

    czxczcx